Паркингот позади Дом на градежници во Центар во Скопје за еден час паркирање чини 250 денари.
Директорот на Паркинзи, Центар Васко Кичевски, објаснува зошто овој паркинг е најскап во градот. Идејата произлегла од дискусија со жителите на тој реон, а со цел да се намали бројот на возила кој ќе паркираат таму.
-Барањето на жителите беше 500 денари час, но мислам дека сосема е неразумна, и сегашнава цена е неразумна ако мене ме прашате, но треба да се има предив дека на простр каде можат да се паркираат има 750 возила на жители и не плаќаат ништо, а самиот постор дозволува 400 возила за паркирање, вели Кичевски.
Дневно има од 30 до 50 плаќања на овој паркинг, а транзит времето е 15 минути бесплатно. Овие средства вели Кичевски не се доволни да се подмират трошоците за вработените. 122 милиони денари е вкупниот буџет на Паркинзи на О. Центар за минатата година во што влегуваат приходите од пајак службата и паркинзи.
