Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуват дека следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски.