Снегот кој паѓа во Хрватска во текот на денот направи проблеми со движењето на моторните возила, регистрирана е една сообраќајна несреќа, а глобата за непоседување на зимска опрема во возилата достигнува до 1000 куни, јавија хрватските медиуми.

Затворени се неколку магистрали и автопати, а се препорачува и прилагодување на брзината на одредени точки, поради можни одрони на патиштата.

Во некои делови на Хрватска, се очекува да наврне снег и до 30 сантиметри. Ова е како последица на студениот бран од Арктикот, што ја зафати Хрватска, како и Србија, а ладното време ќе биде присутно и кај нас во наредните три дена.
