Снопче: Ахмети е виновен што дозволи руско влијание; Бектеши: Вие седнавте на иста маса со Апасиев да рушите Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на Алијанса за Албанците Халил Снопче и актуелниот министер за економија од редовите на ДУИ Крешник Бектеши вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 со меѓусебни обвинувања за руското влијание во Македонија.

Снопче посочи дека како што на големо се зборува за руското влијание во Македонија тогаш самиот Ахмети е виновен за тоа, затоа што тој го дозволил или не направил ништо против тоа, како одговор на Бектеши дека ДУИ се залага за таканаречениот европски фронт.

На ова Бектеши одговори дека токму Снопче и неговата партија сакаа да ја рушат владата за време најголемата криза и седнаа заедно со Димитар Апасиев.

„Сите знаеме какви се ставовите на Димитар Апасиев, а вие седнавте со него на иста маса со намера да ја рушите Владата“, рече Бектеши.