Со автомобил влетал во кафуле во центарот на Скопје, возачот си заминал, полицијата го истражува случајот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово автомобил Фолксваген Пасат се забил во кафуле во центарот на Скопје на булеварот „Партизански Одреди“, пренесува „Лидер“. Според очевидците, возачот по несреќата си излегол од возилото и си заминал.

Засега не е позната причината за сообраќајката.

Екипа на МВР излегла на терен и работи на расчистување на случајот.

„Возачот изгубил контрола над возилото и нема повредени. Засега не можеме да соопштиме други информации“,велат од МВР, пренесува „360 степени“.