Со денешните 225 новозаразени, втор пат ја поминавме границата од над 220 заразени на ден од почетокот на пандемијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на заразени денеска е 225 лица од направени 1694 тестови, што е дури 13,28% од вкупниот број направени тестови. Ова е втор пат од почетокот на пандемијата бројка да ја надмина границата од над 200 случаи на ден.

Првиот пат, според статистиката на 18.07.2020 година сме имале 241 случај. Тогаш се регистрирани и најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-10, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-4.

Во болнички услови се починати 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).