Со музика, песни и ора, репрезентацијата го слави пласманот на ЕП (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со блех музика, песни и ора, македонските репрезентативци попладнево во својот хотел го слават големиот успех и пласманот на Европско првенство.

Поради тоа што утринава рано сабајле пристигнаа во Скопје, и неможноста да прослават, го сторија тоа попладнево.

Репрезентацијата во недела ја очекува натпревар од Лигата на Нации против Естонија, а утре ќе има тренинг и прес-конференција.

Македонија вчера ја совладаа Грузија со 0:1 во Тбилиси, и обезбедија историско учество на Европско првенство.