Сончево со умерена облачност – температурите до 17 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и релативно топло со умерена облачност. Кон крајот на денот во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за локален дожд.  Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната од 13 до 19 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 17 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места. Во понеделник и во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени. Од вторник ќе преовладува постудено време со повремено зголемена облачност и појава на локални врнежи од дожд и снег.