Спа центар во Египет нуди масажа со змии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако офидиофобијата е страв од змии и е една од најчестите фобии во светот, од која се верува дека страда речиси секоја трета личност, тоа не е никаква пречка за еден салон во Египет во својата понуда да вклучи и масажа со змии.

Сопственикот на спа центар во Наср, Египет, неодамна ја претстави токму оваа масажа меѓу услугите кои што ги нуди салонот за убавина.

Според физиотерапевтот Сафват Судки за овој релаксирачки се користат не-отровни змии со различна големина, а тврди и дека змиите вршат притисок врз телото, по што се враќа „силата и виталноста“.

„Масажата со змии има неколку придобивки, вклучително и стимулирање на нервите кои активираат ендорфин, но исто така и допамин, познати и како хормони на среќата“, вели физиотерапевтот.

Тој додава дека резултатите од оваа масажа се подобрен проток на крв во телото, отстранување на напнатоста и вознемиреноста и враќање на самодовербата. 

ПРОЧИТАЈТЕ И: