Спасеновски: Дигитализацијата е процес кој што не може да се одмине

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професот Д-р Александар Спасеновски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека наставниците, односно луѓето кои во оваа држава работат со ученици и студенти успешно го положиле тестот бидејќи на исклучително брз начин се адаптирало образованието.

„Назависно од сите слабости кои што постојат, од аспект на квалитетот на образованието, од аспект на начинот со кој што се задржува вниманието на учениците, особено во основното одделение со помош на овие алатки за виртуелна комуникација. Сметам дека ова општество извлече максимум, но овие слабости кои што ги воочуваме треба да ги поправиме. Дигитализацијата е процес кој што не може да се одмине, дури и по завршувањето на оваа ковид криза“, истакна Спасеновски.

Тој вели дека доколку ги анализираме документите на Министерството за образование, особено концепцијата, не може да се најде забелешка во однос на двата од трите столба на која што почива концепцијата.

Во продолжение целата изјава: