Техничкиот премиер Оливер Спасовски до Собранието достави барање за разрешување од функцијата технички министер за труд и социјална политика на Рашела Мизрахи.
Спасовска ова го правда со тоа што како што вели тој Мизрахи не го почитувала уставот, а ги прекршила и законите.
„За сѐ може да има компромис, но, за непочитување на Уставот нема компромиси. Ако опозицијата мисли дека ситнопартиски интереси се поважни од иднината на државата, се лаже. Предлогот е веќе доставен до Собранието и предлагам да биде разрешена заради тоа што мора да се почитува Уставот и Законот“, изјави Оливер Спасовски – премиер.
На Твитер реагираше и екс-министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас кој напиша дека на Мизрахи треба да и се забрани влез во земја на ЕУ.
Владата треба да поднесе извештај, бидејќи Расела Мизахи од ВМРО-ДПМНЕ, министер за труд на Северна Македонија, грубо ги крши меѓународните права и Договорот од Преспа. Веднаш, замолете ја ЕУ да и забрани влез во сите земји-членки на ЕУ.
Ова следува откако министерката неколку прес конференции одржа на старата табла во министерството на која е испишано и старото име на државата, а не уставното. На таблата не е испочитуван ниту законот за јазици.
Мизрахи пак во телефонски разговор за „Телма“ вели дека не очекува пратениците да ја разрешат. Тврди не е виновна за ништо.
„Не очекувам да бидам разрешена, не направив ништо и не сум виновна за ништо. Апсолутно ќе ја почитувам одлуката на пратениците каква и да е, бидејќи тие ме назначиле , тие можат и да ме разрешат. Министерството и пред мене било предупредено дека не била сменета таблата, но и во буџетот за 2020 не е предвидена таква набавка. Јас не сум одговорна за неспроведување на законот на мојата претходничка – изјави Мизрахи за Телма.
Таа вчера кажа дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и е подготовена да плати казна од 5.000 евра.
За разрешување министер треба да се обезбедат најмалку 61 глас во парламентот, колку што е минималната бројка за формирање парламентарно мнозинство. Проблем во случајот е тоа што парламентот е пред распуштање и неизвесно е дали ќе има време за уште една нова седница.
