Спасовски за Зеќири и Муареми – „Криминал има во цел свет, но важно е како постапува државата“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За сомнителните трансакции на сметката на Мухамед Зеќири прва алармирала Управата на финансиската полиција а потоа постапило МВР, изјавил министерот за внатрешни работи во интервју за РСЕ. Тој додаде дека се погрижиле секој доказ и податок да се обезбедат а последниот збор на крај го има судот.

Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми известил за Зеќири но и тој самиот е под надзор на Обвинителството поради неконфискување на имотот на бизнисменот Сеад Кочан во предметот Труст.  Спасовски верува дека Муареми не сторил никакво незаконско дело.

Со неконфискувањето на имотот на Сеад Кочан државата не успеала да добие ништо од парите од буџетот кои биле стекнати незаконски од тендерот на РЕК Битола во вредност од над 17 милиони евра. Предистражната постапка за Муарем ја води Обвинителството за организиран криминал и корупција по кривичната пријава од државниот правобранител Феми Стафа кој ги обвинува обвинителите Артан Ајро, Гаврил Бубевски и Арафат Муареми за ненавремено постапување Спасовски во интервјуто исто така рече дека криминал и кражби има во цел свет, но важно е како државата постапува кон оние кои извршиле кривично дело.