Средба во ЦУК со претставници од Канцеларијата за координации на Обединетите Нации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Центарот за управување со кризи се одржа средба со претставници од Обединетите Нации (ОН) во Република С. Македонија, почитуваните, Росана Дуџак, постојан координатор на ОН, Моника Сандри од УНХЦР и Матија Ковач од канцеларијата на Постојаниот координатор.

Тие, заедно со в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и дел од стручниот тим на ЦУК за меѓународна соработка, Гордана Наумовска, во работниот дел разговараа на теми поврзани со: соработката на ЦУК со разни Агенции на Обединетите нации во минататото и можности за соработка во иднина; состојбата во земјата во однос на пандемијата КОВИД-19; состојбата во земјата во однос на бегалците и мигрантите на граничните премини; можна соработка за натамошно подобрување на управувањето со кризи – планирање; национална платформа за намалување на ризици и за идни заеднички и слични активности.