„Станавме носители на разумноста“ – Заев, Ципрас и Ахмети: Пример сме за сите!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Свеченоот отворање на конференцијата Патот кон Преспа ги собра во Охрид сите политички фигури од земјава, регионот, Европа и САД.

Панелистите на конференцијата акцентот го ставија на потпишувањето на Преспанскиот договор пред 3 години. Тие рекоа дека потпишувањето на Преспанскиот договор беше пример за сите за тоа како двете држави успеаја да ги скршат бариерите  за добрососедство и добра соработка. Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев во својот говор рече дека сме станале современ пример.

„Му порачавме на светот дека имаме нов Балкан, европски, Балкан со капацитет за да биде слободен, еден поинаков Балкан, Балкан пример за светот. Ние денеска станавме носители на решенијата и мирот“, истакна Зоран Заев.

Лидерот ма Сириза и екс премиер на Грција, Алексис Ципрас рече дека 3 години по големиот чекор кој го направивме заедно за решавање на големиот спор меѓу двете држави, беше позитивна порака за сите земји.

„3 години по големиот чекор кој го направивме заедно за решавање на големиот проблем меѓу двете земји, беше позитивна порака за сите земји. Пред 3 години ние заедно, Зоран знае, ја извади вратоврската тој ден и ја чувам во мојата фиока, 3 години како потсетување ма тој храбар чекор и стабилно пријателство меѓу нас“, додава Алексис Ципрас.

Лидерот на Интегративците, Али Ахмети акцентот го стави на средбата во текот на денот со Лајцак за патот кон ЕУ.

„Г. Лајцак, Ве замолив, реков да ја затвориме црната дупка во Европа, Балкан е Европа, татковината на предците на Европа е Медитеранот, затоа треба да ја затвориме црната дупка бидејќи овде во оваа црна дупка насобран е криминалот од сите земји во Европа“, посочи Али Ахмети.

Додека Талат Џафери, претседател на Собранието на РСМ, зборуваше за настаните од 27 април во Собранието кои според него  не треба да се заборават и треба да останат како лекција за сите.

„Мислам дека никој од нас не треба да ги заборави моментите кои се случија во нашиот парламент како два најмрачни моменти  кои мислам дека се лекции кои никогаш не треба да се повторат, бидејќи се датуми кои оставија недозволива дамка  на растот, развојот и демократската зрелост во земјава“, истакна Талат Џафери.

Во текот на денот на Форумот во Преспа за дијалог се одржаа и неколку други важни средби со премиерите од регионот.