Стојановски: Заев ја почна кампањата во Идризово, затворот претворен во партиски штаб на СДСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ денеска го нападнаа СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев за организиран митинг од страна на затвореници во затворот Идризово, кои преку видео повикувале да се гласа за Заев и Шекеринска.

„Зоран Заев предвреме ја почна кампањата, со митинг во Идризово. Од таму велат поздрав до Зоран Заев и Вице Заев и Шекеринска.

Овие фотографии не се од партиски штаб на СДСМ, ова се фотографии од затворот Идризово, кој е претворен во партиски штаб на СДСМ.

Осуден за дрога во затворот Идризово повикува да се гласа за Заев и Шеќеринска.

Фотографии и видео материјал кој се шири на фејсбук покажуваат како Јане Павловски, викан Јане Тица, кој се наоѓа во затворот за издржување на затворска казна го претворил затворот во партиски штаб.

Во затворот се внесени реквизити, знамиња и партиски пропаганден материјал и буквално како што се гледа од сликата е направен партиски штаб во самиот затвор.

Ова е недозволиво и политизација на КПУ Идризово од невидени размери.

Бараме итна оставка од директорот на Идризово и одговорност од Дескоска.

Поставувањето на партиските реквизити и правење на штаб не можело да помине без амин на затворската управа која раководи со затворот.

Ова е скандал од невидени размери и бараме итна оставка од директорот на затворот Идризово кој го дозволил ова.

Дополнително срамно е што ваквото дејствие на Тица и затворската управа е оправдано и од Ѓорги Галетановски, директор на скопската зоолошка градина, која во коментар на фотографиите и видео материјалот кои се шират на Фејсбук го фали Тица за неговата партиска активност во затворот.“, вели Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.