СтопКорона е создадена да им помогне на здравствените власти, очекуваме да ја користат 200 илјади граѓани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дамјан Манчевски, министерот за информатично општество рече дека апликацијата СтопКорона! е направена за да им помогне на здравствените власти. Тој очекува околу 200 илјади корисници да ја симнат апликацијата.

„Оваа апликација е создадена за да им помогне на здравствените власти, на Министерството за здравство, на епидемиолозите. И ние водиме активна компања што повеќе корисници да ја симнат“, рече Манчевски.