Страшна авионска несреќа: Се спушти 3.000 метри во минута (видео)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Видеото, кое беше објавено на социјалната мрежа Твитер, покажува како изгледаше драматичното губење на висината на авионот на Сривиџава ер на популарната страница FlightRadar.

Авионот слета повеќе од 3.000 метри за помалку од една минута. Патниците на Боинг 737 се водат како исчезнати откако авионот се сруши само неколку минути по полетувањето во Индонезија. Веста дека авионот сепак паднал во морето ја потврди и индонезискиот министер за транспорт.

Авионот исчезнал од радарот четири минути по полетувањето од Џакарта, околу осум и пол часот наутро според нашето време, и се наведува дека паднал за 30.000 метри (3048 метри) за една минута. Станува збор за 27-годишен авион Боинг 737-500, а властите најавија дополнителни информации за несреќата.

Патничкиот авион полетал од аеродромот Сукарно-Хат, а според неофицијални информации во него имало 59 патници.

Компанијата соопшти дека во моментов собираат повеќе информации за летот пред да излезат во јавноста.