Страшна сообраќајка во Хрватска, се преврте камиион полн со мигранти, четири лица загинаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири лица загинаа, додека 17 се спасени во страшна сообраќајна несреќа која се случила утрово на автопатот Славонски Брод – Загреб во близина на Окучани.

Несреќата се случила околу 4 часот откако 42-годишен српски државјанин со камион со полуприколка излетал од автопатот, и притоа ја пробил оградата и завршил превртен странично на другиот дел од патот.

Камионот бил полн со мигранти, при што загинаа четири од нив. Биле вкупно 21 во камионот.

На местото на несреќата пристигнале 12 возила на Итната помош, а автопатот бил затворен во еден момент со оглед дека од шлеперот истекувало гориво.