„Стрела“ е рускиот одговор на американскиот „Хамер“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Додека Америка ги чека првите примероци на заживеаниот „Хамер“ под брендот на „ГМЦ“, Русија ќе добие нов робустен теренец кој изгледа како мешавина од „Хамер Х1“, „Х2“ и слични возила.

„Рускиот хамер“ се вика „Стрела“ (Ароу) и ќе биде наменет, пред сѐ, за државните служби на редот и законот, но и за домашниот потрошувачки пазар. Засега се знае оти возилото е долго 5,1 и широк 2,35 метри, а тежи 3.500 килограми, со носивост до 900 кг., т.е. пет лица на пет одделни седишта.

Се напојува со 2,8-литарски „Каминс“ дизел-мотор којшто развива 157 коњски сили и е поврзан со 6-степен рачен менувач. Моќта се пренесува на сите четири тркала, додека максималната брзина е 120 км/ч.

Прототипот има подвижен заден покрив, а неговите создавачи размислуваат и за цела серија слични возила, вклучувајќи и теренец со фиксен покрив, верзија со седум седишта и камион.