Студено утро во источните и западните краеви: Времето денеска променливо облачно со слаб ветер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во крајните источни делови од земјава, времето утрово ќе биде ладно, до нула степени. Ладно утро ќе има и во крајните западни делови, односно во Маврово и околината.

Главно времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, наместа со слаб ветер од западен правец.

Минималните температури ќе бидат до нула, а максималните дневни до 22 степени.

Најтопло ќе биде во јужните делови каде температурата ќе се движи од 8 до 22, а најстудено во беровскиот крај, од 0 до 18 степени.

Во Скопје и околината минимална температура од 5 степени, а највисока до 18 степени.