Обвинетите за 27 април, екс претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, екс министерот за образование, Спиро Ристовски и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, негираат дека се вмешани во организирањето на упадот на демонстрантите во Собрание. Адвокатот на одбраната Еленко Миланов рече дека има доказ дека обвинетите не биле организатори на упадот на демонстрантите во Собранието. Тој додаде дека во пораките што ги имаат испратено обвинетите до партиските активисти на ВМРО-ДПМНЕ, не содржат докази дека биле организатори и дека поттикнувале нереди во Собранието.
Трајко Вељановски не сакаше да зборува но од обвинителната клупа рече дека Обвинителството е политизирано и дека тој ја работел својата работа во Собранието според Уставот.
Спиро Ристовски рече дека не го извршил делото за кое се обвинува и вели дека Обвинителството не одговорило кога неговиот адвокат го побарал списокот на сведоци.
Адвокатот на Миле Јанакиески рече дека нема елементи ниту докази за да ги обвинат за планирање на насилството во Собрание.
Екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски немаше воведни зборови. Иако беше најавено денеска да сведочи премиерот Оливер Спасовски, тоа ќе го стори следната недела кога ќе продолжи следното рочиште.
