Свеста за ХПВ се зголемува, но се уште не е доволна – вакцинацијата и прегледите остануваат неопходни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Свесноста за вирусот ХПВ се зголемува, но не на задоволително ниво, проценува Здружението на гинеколози. Околу 99 проценти од случаите на рак на грлото на матката се поврзани со долготрајна инфекција со високоризични типови на ХПВ.Во нашата земја, ракот на грлото на матката е едно од најчестите малигни заболувања кај жените. Секоја година се регистрираат 150 до 170 нови случаи, или  20 случаи на 100.000 жени, бројка далеку повисока од европските стандарди. Фактот дека болеста се дијагностицира и кај млади жени станува загрижувачки.

„ХПВ прво беше проучуван за рак на грлото на матката, тој предизвикува и голем број болести како што се премалигни и малигни на вагината, вулвата, анусот, пенисот кај мажите, додека во последно време се повеќе се открива дека некои од болестите, како што се ракот на вратот и главата, се предизвикани од ХПВ“, вели Горан Димитров.

Покриеноста со вакцинација во земјата е околу 55 проценти, значително пониска од препорачаното ниво од 90–95 проценти за постигнување колективна заштита. Гинекологот вели дека вакцината се препорачува за адолесцентни девојчиња и момчиња и нуди долгорочна заштита од најчестите типови со висок ризик.

„Од многу години ретка покриеност кога имавме 66% покриеност, во некои години стапката на вакцинација се намали на 35-40%. Минатата година мислам дека бевме некаде околу 55%“, вели Горан Димитров.

Покрај вакцинацијата, редовните гинеколошки прегледи се неопходни. ПАП тестот и ХПВ тестирањето овозможуваат рано откривање на преканцерозни промени, кога третманот е едноставен и многу успешен. Бидејќи инфекцијата често не предизвикува симптоми, лекарите ја нагласуваат важноста на редовните прегледи дури и кога лицето се чувствува здраво. Инаку, 4 март е Светски ден за подигање на свеста за човечкиот папилома вирус (ХПВ).