„Се наоѓаме на булеварот „Свети Климент Охридски“, каде што се поставени безбедносните камери „Safe City“. Тука гледаме предупредувачка табла која покажува дека сообраќајот во оваа зона е под видео-надзор. Истата табла е поставена само на македонски јазик“, порача репортерката на ТВ21.
И опозицискиот пратеник Илир Хасани синоќа во емисијата „Click Plus“ изрази загриженост поради заобиколувањето на албанскиот јазик во проектот „Safe City“, што според него ќе влијае во иднина албанскиот јазик да се избрише од институциите и да не се користи ниту на улица.
„Доаѓајќи наваму, го фотографирав ова за да им докажам на сите дека немаат намера да се занимаваат со имплементацијата на албанскиот јазик, ниту во овој, ниту во другите закони. Нема друго објаснување освен дека утре албанскиот јазик ќе почне да се ограничува и во училиштата и во здравствените институции, па дури нема да смееме да зборуваме албански ниту на улица. Јас толку можам да направам за да укажам на почитувањето на албанскиот јазик. Повеќе не можам. Ќе гласам против секој закон што не зборува албански – „Safe City“ не зборува албански.“, вели Илир Хасани
Иако снимките говорат поинаку, од ВЛЕН велат дека Законот за „Safe City“ целосно ги почитува Уставот и Законот за употреба на јазиците.
„Обвинувањата дека албанскиот јазик се заобиколува не стојат. Во подготвителната и техничката фаза се користеле стандардни тестирачки известувања, но тоа не го менува фактот дека при целосната примена на законот, сите известувања и процедури ќе бидат достапни и на албански јазик, во согласност со законот“, велат од ВЛЕН.
Инаку, Законот за прекршоци претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, го оспори пред Уставниот суд.
