Танушевци без вода во 21 век – Граѓаните се жалат, градоначалникот вели само една година е на функција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу села во Македонија се соочуваат со нефункционална водоводна мрежа. Едно од нив е и селото Танушевци, општина Чучер Сандевo. Мештаните се жалат на недостиг на вода, поради што се принудени да полнат вода во туби.

-Водоводот е уништен, проектот за оваа водоводна мрежа беше за 100 куќи. Сега има 10 куќи и пак нема. Нема, уништена е од сите страни. Кај што имаме извори одиме да полниме вода. Ова село имаше извори, но мора да одиме со туби да наполниме. Не е исто како кога имаш водоводот дома, вели еден граѓанин.

-Водоводниот систем е многу слаб, бидејќи цевките се стари и целиот систем е ослабен. Некои неодговорни луѓе ја отворија мрежата некаде, изјави граѓанин на Танушевци.

ТВ21: Граѓаните ја отворија?

-Секако дека ја отворија, затоа што и тие имаа потреба од вода, и поради тоа мрежата е послаба, вели граѓанинот.

ТВ21: Како успевате да се снабдите со вода?

-Некаде има, некаде нема вода. Онаму кај што има одиме и полниме, додаде тој.

-Вода полниме во туби, снемува. Одиме со туби за да полниме на планина горе. Некогаш ќе дојде една недела, па потоа пак снемува. Сите цевки се расипани, вели друг граѓанин на Танушевци.

Во однос на овој проблем одговор побаравме и од градоначалникот на Чучер Сандево. Тој се правда дека на чело на општината застанал пред само една година, а дека решавањето на ова прашање бара повеќе време.  

Танушевци не е единственото село кое се соочува со недостиг на вода. Со овој проблем мака мачат и селата кои се наоѓаат уште поблиску до урбаните средини.