Кандидатот за претседател од редовите на опозициската коалиција ВРЕДИ, Арбен Таравари, не може да замисли АА да биде на заеднички листи со ДУИ. Според него, би било незамисливо неговите колеги од крилото на Села можат да коалицираат со ДУИ.
Таравари се сомнева дека во Основниот суд во Тетово се врши притисок врз судијата во чиј раце е предметот на АА, и кој треба да донесе одлука кому ќе му припадне партијата. Таравари вели дека има тенденции за негова промена.
Што се однесува до изборната кампања, Таравари ги повика сите шестмина противкандидати да се сретнат во сабота во 12 часот во Тетово и заедно да дебатираат за состојбата со иселувањето на граѓаните од Македонија. Според него, од 2011 до 2019 година Македонија ја напуштиле околу 700.000 граѓани, овие бројки се загрижувачки според Таравари.
