Таткото бара правда за синот – прегази 45-годишен човек, осуден е на 1 година затвор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тетовецот Екрем Рамадани бара Апелациониот суд да го разгледа случајот за неговиот сега починат син бидејќи не е задоволен од одлуката на судот во Тетово. Според Екрем, неговиот син бил жртва на сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, додека причинителот на несреќата е осуден на минимална казна затвор од 1 година.

„Виновникот е осуден на една година затвор, воопшто не сум задоволен како родител, што е многу ниско да се одземе живот и да се осуди на една година затвор“, вели Екрем Рамадани.

Екрем бара Апелациониот суд да  донесе правда во државата.

„Момчето остави три деца без родители и немаат друга егзистенција бидејќи само тој работеше за нив, јас земам пензија од 9 илјади денари и не можам да им помогнам. Барам апелациониот суд да  донесе правда во државата“, додава Екрем Рамадани.

Несреќата се случила пред 13 месеци, каде според нивните блиски, 34-годишниот М.А., избегнувајќи камион, влегол на помошната лента на автопатот каде починатиот поради дефект на автомобилот застанал, и во него удрил автомобилот. . Поради тоа на местото на настанот починал Ф.Р. Според одлуката на судот, осудениот веќе ја признал вината, односно додека при изрекувањето на казната биле земени предвид олеснителни околности бидејќи лицето е татко на две деца.