Тетовец никако да си го поврати земјиштето – вели дека општината ја продала некому за цена од 70 денари м2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Фадиљ Зејнели од Тетово. Тој од 2003 започнал постапка за денационализација на земјиште кое му било одземено во 1979. И покарај трите позитивни судски одлуки во негова полза, Зејнели никако да си го поврати земјиштето кое се наоѓа во близина на автобуската станица во Тетово. На почетокот на јануари дознал дека општина Тетово го продала по симболична цена од 70 денари по метар квадратен.

Фадуљ Зејнели: Едноставно земјиштето му е продадено некому за 70 ден по м2, кога се знае колкава е реалната цена овде.

-Колку е цената?

„Пазарната цена е од 250 до 300 евра за м2, а целиот овој  државен имот е продаден за 300 евра“.

Зејнели неколку пати се обратил до општина Тетово но не добил одговор што се случило со неговото земјиште.

„Три пати административниот суд донесе одлука во моја полза, отфрлајќи ги одлуките на комисијата за денационализација. Јас немав пристап до документацијата на какво начин е воден процесот. Пристап до документацијата имав кога го известив државниот инспекторат дека немам пристап, без оглед што барањата до општината ги поднесував врз основа на законот за слободен пристап до документите, како заинтересирана страна да имам пристап до документацијата“, порача Фадиљ Зејнели.

Од општина Тетово за ТВ21  велат дека обвинувањата на граѓанинот се неосновани во врска со процедурите за отуѓување на земјиштето, но не дадоа појаснување како општината го продала земјиштето за 70 денари по м2.

„Лицето Ф.З. тврди дека дел од парцела од 265 м2 што е во сопственост на РМ, не смее да се отуѓува бидејќи тој доставил барање на денационализација. Органот кој што врз основа на законот го извршува отуѓувањето, во овој случај општина Тетово, ги побарал сите потребни документи  кои се однесуваат на овој имот и тоа:  геодетски елаборат со нумерички податоци, имотен лист, историјат на парцелата, екстракт од ДУП. Освен тоа, заинтересираната страна доставила барање за прекин на постапката за отуѓување на земјиштето, кое општина Тетово го одбила како неосновано“, вели општината.

Зејнели вели дека земјиштето што е одземено во 1979 му припаѓало на негови роднини во Турција, но поради немање државјанство, вели дека тие немале право да го вратат. Зејнели очекува општина Тетово нему да му даде право бидејќи сите земјишта во оваа зона се денационализирани.