Тетовското кале запуштено – Шехапи: Калето треба да и припаѓа на Вакафот а не на православната црква

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Тетовското кале. Од снимките се гледа дека ова културно наследство е запоставено од надлежните и дека со години никој не се грижи за него. Историчарот по уметност Бехуџедин Шехапи вели дека ова кале почнал да го гради таткото на Абдурахман Паша и дека поинтензивната изградба почнала во 1821.

-На ова земјиште, поконкретно во 1821 Абдурахман Паша кој бил тетовски паша или гувернер на Тетово, ја продолжил изградбата која ја почнал неговиот татко Реџеп паша кој починал во 1821 и работата ја продолжил Абдурахман паша и направил многу голем комплекс со многу објекти. Објект со девет кули и две  влезни порти, кои денес ги нарекуваме Тетовска порта и Порта на лавовите во правец кон селото Лавце. Има три резиденти куќи, еден сарај, воена кујна или имарет која била на услуга на гостите и посетителите во тоа време, вели историчарот по уметност, Бехуџедин Шехапи.

Според Шехапи ова кале било урнато од Султанот од безбедносни причини а многу објекти во Тетово биле изградени од материјалот од ова кале.

-Тој морал да го урне. Во првата половина од 19 век, со наредба на Султанот сите калиња во овој вилает биле урнати од безбедносни причини. Калето на почетокот на 20 век се урнало но го краделе и градежниот материјал од калето. Во Тетово, многу објекти, згради, улици а и црквата “Свети Кирил и Методиј“ била изградена со материјал од калето, додаде тој.

Шехапи е убеден дека главните причини за запоставувањето на калето се правно-имотни прашања.

-Мизерно, јас мислам дека и државните но и локалните институции не се грижат за културното наследство и археолошките локалитети. За жал запуштени се, длабоко сум убеден дека една од главните причини за запуштањето на калето се имотно правните прашања. Како што е познато,  најпрво овој објект и беше даден во сопственост на МПЦ, не знам врз основа на каква документација или историски документи е направено тоа, дали се знае дека во регистарот за население од 15 век односно во 1455, нешто што го открив во архивот на Истанбул, се зборува за кале од тоа време и имам кој за услугите земал 14 илјади акчи месечно, што значи дека на местото  на ова кале пред Абдурахман паша, постоела џамија со имам, а од друга страна вакафот Абдурахман паша од правен аспект, и доколку некој треба да биде сопственик е вакафот или семејството Абдурахман паша, вели Шехапи.

Ова не е единствениот локалитет кој е во ваква состојба. На само 50 метри понатаму во иста состојба се наоѓа и археолошкиот локалитет наречен Хисар. Таму се пронајдени остатоци од времето на Илирите, односно од градот Оанеум.