Легендарниот рок-бенд The Rolling Stones официјално го најави својот нов студиски албум со наслов „Foreign Tongues“, кој ќе содржи гостински настапи од звучни музички имиња, меѓу кои и Paul McCartney и Robert Smith.
По шпекулациите кои се појавија минатиот месец, кога низ повеќе светски градови се појавија билборди со препознатливото лого на бендот и натписот „Foreign Tongues“ на различни јазици, Mick Jagger и неговите колеги ја потврдија веста и преку социјалните мрежи.
Дополнително, бендот претходно објави и тизер за нов материјал под псевдонимот „The Cockroaches“, со енергичниот сингл „Rough and Twisted“, што дополнително ги зголеми очекувањата кај фановите.
Новиот албум „Foreign Tongues“ ќе излезе на 10 јули под етикетата на Universal Music Group, а ќе содржи вкупно 14 песни. Како најава за изданието, денеска (5 мај) дигитално е објавен водечкиот сингл „In The Stars“, кој ќе добие и физичко издание на 15 мај.
Со ова издание, рок-ветераните уште еднаш потврдуваат дека и по децении на сцена остануваат релевантни и активни на светската музичка сцена.
