Никола Тодоров во „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека бил обвинет од врвот на партијата дека давал доверливи информации од ВМРО-ДПМНЕ во СДСМ. Тодоров смета дека тие лаги биле искажани поради обидот да се намали неговото влијание во партијата.
„Знам дека тие лаги доаѓаа од врвот на партијата за да го намалат моето влијание во партијата. Еве јас сум подготвен да седнам на полигаф со Мицкоски. Мицкоски нека ми ги постави сите варијации за тоа прашања. Ако излезе дека сум ги дал, што сака нека ми прави. Ама ако излзе дека не е така, ќе барам јавно да ми се извини“, рече Тодоров.
Целата ијзава низ видео:
