Тодоров: За решавање на проблемот со Бугарија треба да има национален консензус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со Никола Тодоров, екс министер од времето на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Клик Плус“ разговаравме и за темата „Бугарија“, односно проблемите со соседот и можноста да бидеме блокирани за преговорите за членство во ЕУ.

Тодоров истакна дека за бугарското прашање треба да се има национален консензус.

„Сметам дека за тоа прашање треба да има национален консензус. Ова е важно прашање како што беше прашањето со името. Ако таму имавме нешто што да добиеме, тука нема што да добиеме. Можеме само да загубиме“, рече Тодоров.