Торнадо го погоди турскиот град Чешме – повредени 16 лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Торнадо синоќа го погоди турскиот град Чешме на егејскиот брег, оставајќи пустош во кој беа повредени 16 лица, соопштија локалните власти.

Торнадото го зафати градот Чешме, околу 90 километри западно од Измир, уривајќи дрвја, уништувајќи покриви на куќи, како и голем број автомобили и бродови.

Најмногу е погодено локалното градилиште каде се градат летни вили, каде падна кран кој ја уништи монтажната куќа на градежниците, кои се здобија со повреди, а еден заврши во болница со скршеница на ногата, јави новинската агенција Анадолија.

– Чешме, рајот на земјата, претрпе пекол минатата ноќ, рече градоначалникот Екрем Оран.