Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори за спојувањето на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
Како што вели, соединување на ресурси е правилна насока на движење на државата.
„Една силна, посилна институција со надлежности, со збивање на редовите во конкретниот случај би дала подобри резултати во иднина“, вели Тошковски.
