Трајанов со услов за проширувањето на Владата – ДУИ има проблеми и треба да ја плати цената

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ДУИ има проблеми со парламентарната група и затоа треба да ја плати цената – изјави претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во врска со влезот на АА во Влада. Тој вчера изјави дека ќе го поддржува проширувањето на Владата со влезот на АА во Влада доколку во владиниот состав се обезбеди соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во државата. Додаде дека според правичната и соодветната застапеност, во Влада треба да има најмногу 5-6 министри Албанци.

Во меѓувреме, останатите коалициски партнери, Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ, порачаа дека ќе поддржат се што би значело забрзување на патот кон ЕУ, но откако ќе дознаат која е целта за проширување на Владата.

Од друга страна АА состави тим за проговори со премиерот Ковачевски, за поделба на ресорите и министерствата, но Премиерот рече дека нема конкретен рок за тоа кога ќе се случи проширувањето на Владата.