Трамп: Докторите лажно прикажуваат повеќе умрени од Ковид за да земат повеќе пари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На предизборен митинг во Мичиген, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека докторите намерно ги зголемувале бројките на починати, само да земат повеќе пари. Ова е изјава после денот во кој Светот броеше повеќе од пола милион случаи на Ковид-19, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

„Нашите доктори земаат повеќе пари ако некој умре од ковид. Го знаете тоа, нели?“, рече Трамп.

„Знам дека нашите доктори се многу паметни луѓе. Па така, тие велат ‘Жал ми е, но сите умираат од ковид’“, истакна Трамп пред своите приврзаници, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Тој напомена дека во Германија и во некои други земји доколку има двоумење, не се пишува дека пациентот починал од Ковид, за разлика од САД.

„Во Германија и на други места, ако имате срцев удар или ако имате рак, ако фатите ковид, тие ќе речат дека сте умреле од рак или од срцев удар. Кај нас, ако се двоумат, избираат ковид. Вистина е, ужасно е, ама е вистина. Отприлика добиваат 2.000 долари повеќе.“, додаде американскиот претседател.