Претседателот на САД, Доналд Трамп, во среда изјави во објава на социјалните мрежи дека Иран ќе „ја плати цената“, откако „премногу долго се одолговлекувало со преговорите за договор“.
„Иран е само зборови, а без дела. Провокаторот на Блискиот Исток е мртов. Премногу долго им требаше да преговараат за договор кој ќе беше одличен за нив, сега ќе мора да ја платат цената“, напиша Трамп на Truth Social.
Претседателот не прецизираше што би опфаќала „цената“, но ова доаѓа откако САД објавија дека започнале нов бран напади врз Иран во вторник, откако хеликоптер „Апачи“ на американската војска се урнал во близина на Ормутскиот теснец.
Еден американски функционер за CNN изјавил во вторник дека новите напади биле замислени како „предупредувачки удар“ кон Иран и дека САД веруваат дека тие нема да ги попречат преговорите за ставање крај на војната.
Во меѓувреме, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, во среда изјавил дека Техеран ги преиспитува преговорите со САД по последните напади.
