Трамп кажа дека зборувал со Путин за крај на војната во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД Доналд Трамп за „Њујорк Пост“ изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за крај на војната во Украина.

Трамп кажа дека Путин му рекол дека сака „луѓето да престануваат да умираат“.

Трамп, кој и пред да стане претседател вети дека ќе стави крај на војната во Украина, изрази надеж дека конфликтот ќе биде завршен.

„Се надевам дека оваа војна ќе заврши. Ужасно е за Украина секој ден да умираат луѓе. САкаме да го завршиме ова“, рече Трамп.

Американскиот претседател најави можна скорешна средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, а не ја исклучи можноста и за нов разговор и со Путин.