Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека членовите на Европската Унија и Канада наскоро ќе добијат официјални писма со кои ќе бидат известени за воведувањето нови царински стапки.
„Би сакал да го направам тоа денес. Ќе ги испратиме во следните неколку часа“, рече Трамп во интервју за NBC News, додавајќи дека писмата ќе бидат испратени „денес или утре“ и дека се однесуваат на целата Европска Унија и Канада.
Веднаш по интервјуто, Трамп најави воведување царина од 35 проценти за увоз од Канада, почнувајќи од следниот месец.
