Три лица повредени во земјотресот во Грција, голем дел од граѓаните ќе ја минат ноќта на отворено

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Три лица се пријавени за повредени по денешниот земјотрес во Грција со јачина од 6,3 степени. Не е познато само дали се повредени од тој земјотрес, или од некој друг, со оглед дека денеска во тој дел ги имаше 10-тина посилни од 4 степени.

Сите земјотреси биле со епицентар во близина на градот Лариса во централна Грција.

Биле оштетени стотици куќи, училишта во помалите градови.

Граѓаните во страв ќе ја минат ноќта на отворено, затоа што потресите не се смируваат и вечерва се регистрирани неколку умерени земјотреси.

Дел од земјотресите биле почувствувани и во Македонија.