Во овие фрижидери ќе се чуваат вакцините против корона вирусот во нашата земја. Економските оператори кои се вклучени во чување и дистрибуција, имаат соби со температура од 0 до 8 степени Целзиусови, фрижидери со минус 20 степени Целзиусови како и ладилници кои ќе се погрижат да се зачува нивото на студеност при транспортот на вакцините. Од МЗ информираат дека здравствените оператори ќе ги обезбедат и со фрижидери со температура до минус 70 степени Целзиусови. Меѓу другото МЗ уверува за квалитетот на вакцините и апелира граѓаните да не ги слушаат лажните вести за истите.
„Целта е да се вакцинираат 60-70 отсто од населението, што е доволно за да се обезбеди колективен имунитет за да го победиме вирусот. Постојано сме мета на лажните вести за вакцините. Ве уверуваме дека вакцините се целосно безбедни. Тие се развиваат според редовни и безбедни протоколи. Секој граѓанин кој има индиција да се вакцинира, треба да прифати. Така ќе ставиме крај на пандемијата.“, велат од Министерството за здравство.
И др. Ерин Шаугнеси од Медицински центар на Универзитетот Руш, за Гласот на Америка изјавил дека чувањето на вакцината на ниски температури е многу важен процес.
„Специјалниот фрижидер за замрзнување може да биде отворен само 2 минути, инаку ќе се зголеми температурата. Треба да бидеме многу прецизни во нашето движење. Штом ги извадиме лековите од таму, треба да се стават во фрижидер за 10 минути, за да не се стопат веднаш, доколку се стопат многу брзо, вакцината може да се употреби за околу 2 часа а доколку тоа се прави полека, вакцината може да се употреби во рок од 5 дена.“, вели Шаугнеси.
Од Владата на РСМ најавија дека количина од 800 илјади дози од вакцината ќе пристигне на почетокот на 2021, додавајќи дека истата ќе се обезбедува преку Ковакс системот. Меѓутоа пристигнувањето на вакцината кај нас зависи од тоа кога СЗО ќе одобри некоја вакцина која потоа може да се дистрибуира. Од оваа организација велат дека некои компании за вакцини доставиле досиеја со резултати кои ги разгледуваат и ќе одлучат по неколку недели, за тоа која ќе добие лиценца за користење.
„Ние го отворивме конкурсот за заинтересирани пред неколку недели, мислам дека беше пред 4-6 недели и примавме и студии и претставки од досиеја од неколку компании. Најмалку 10 компании изразија заинтересираност или доставиле досие. Податоците ќе се земат предвид само за лиценца за итна употреба кога има фаза со три резултати на клиничките проби во прилог. Засега има малку компании кои имаат фаза со три резултати и тие се привремени резултати. Ние почнавме со досието на Фајзер, го чекаме и досието на Модерна, АстраЗенека следните недели и потоа ќе излеземе со одлука дали ќе добијат лиценца за итна употреба или не.“, велат од СЗО.
Од Владата велат дека ќе обезбедат доволна количина вакцини, како преку Ковакс системот така и преку други понуди од ЕУ. Инаку САД во моментов се шеста земја што ја одобри вакцинацијата со две дози, вклучувајќи ги тука Британија, Бахри, Канада,Саудиска Арабија и Мексико.
