Цените на становите во Скопје „скокнале“ за 20%, купувачката не запира, во 2021 продадени 4.500 станови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат. Во период од 2019 до 2021 година, цените забележале пораст од 20%. На најатрактивните локации цените се движат од 1.400 до 1.800 евра по метар квадратен, додека во Ѓорче или Ново Лисиче варираат од 800 до 1.200 евра. Сепак, ова не влијае врз интересот за купување станови. Минатата година само во Скопје се продадени 4.500 станови, покажуваат податоците од консултантската компанија за комерцијални недвижности „Фортонмка“. Од таму додаваат дека не е предвидено намалување на цените.

Во 2021 година во Скопје се издадени 7.894 одобренија за градба, што е најголема бројка во последните четири години. Најмногу дозволи – за 2.241 станови се издадени за општина Гази Баба, по што следи општина Аеродром со 1.441 дозвола.

Согласно Пописот на население, од вкупно 839.174 станови, 307.187 односно 36.6 % се ненаселени. На прашањето во врска со оваа статистика, од „Фортонмка“ негираат дека се работи за перење пари. Велат дека повеќето граѓани купуваат станови, но живеат во странство, а има и такви кои купуваат бидејќи сметајќи дека становите се сигурна инвестиција.