Циклон го погоди Индија и Бангладеш, 12 мртви, уништени 1000 домови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен циклон наречен „Амфан“ го погоди попладнево источниот дел на Индија и на Бангладеш. Загинаа најмалку 12 луѓе, а илјада домови се уништени.

Циклонот го погодил копното во близина на островот Сагар во Западен Бенгал во Индија со брзина од 160 километри на час на северот кон индискиот град Калкута каде живеат 14 милиони луѓе.

Најмалку 12 луѓе загинаа во источна Индија, а една млада девојка починала откако ѕид се срушил од нејзината куќа.

Евакуацијата на милиони жители била дополнителна отежната поради епидемијата на коронавирусот.