Ципрас: ЕУ не може да се справи во бегалците

Ципрас: Се чувствувам засрамен од неможноста на Европа да се справи со оваа драма

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Егејското Море не само што исфрла детски тела на брегот, туку ја исфрла и културата на ЕУ, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во Парламентот.

– Се чувствувам засрамен од неможноста на Европа ефикасно да се справи со оваа драма, додаде Ципрас, истакнувајќи дека се чувствува засрамен и од дискусијата на ниво на самит.
Тој нагласи дека примарна задача е „да се ограничи хуманитарната трагедија“ и додаде дека Грците знаат што значи да се биде бегалец.
Затоа, рече Ципрас, примарна хуманитарна должност на Грците е да ги спасат животите на бегалците и да се потрудат да се избегнат слични инциденти.
Покрај ова, Ципрас ја нагласи и потребата да се задржи ставот во согласност со европските вредности и да се изолираат екстремните расистички појави кои постојат во Грција и во Европа.