Црндак за изборите во САД: Дефинитивно се работи за една многу неизвесна трка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со поранешниот министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црндак во вечерашната специјална емисија „Click Plus“ на ТВ21 разговаравме околу претседателските избори во САД.

Тој смета дека дефинитивно се работи за една многу неизвесна трка меѓу републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден.

„Мислам дека би требало вечерва да ги следиме неколку држави како Тексас, Мичиген, Пенселванија, односно овие важните кои ќе го дадат многу прецизно смерот на чекорите според кој би можеле да предвидиме кој ќе победи“, вели Црндак.