ЦУК: Се затвораат сите институции и економски субјекти во Дебар, освен продавници и производствени капацитети за храна, бензиски пумпи, аптеки, болници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Центарот за управување со кризи одржал состанок во врска со постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, во општините Дебар и Центар Жупа за справување со ширењето на корона вирусот.

На состанокот биле презентирани планираните точни и дневниот ред кој подоцна без измени бил усвоен.

На седницата се донесен следните заклучоци:

  1. Се затвораат сите институции и економски субјекти освен продавници и производствени капацитети за храна, бензиски пумпи, апотеки, болници. Банките, комуналните служби и пошта да работат по скратено работно време
  2. Се забранаува излегување на населението од кризното подрачје, освен во случај на животозагрозувачка состојба со возило на ИМП и потврда од овластено лице од МЗ, а лицата од Дебар и Центар Жупа затекнати надвор од кризното подрачје можат да се вратат во своите домови.