Маж кој бил каснат од отровен пајак во Пиргос, на западот на Грција, починал како последица од каснувањето.
48-годишниот маж дошол во болница со страшни болки во ногата, но не знаел дека бил каснат. Претходно бил прегледан од приватен ортопед, кој го испртил во болница.
Здравјето се влошило еден ден подоцна, а тој развил симптоми кои потсетуваат на каснување од отров. И покрај напорите на медицинскиот персонал да го одржи во живот, сепак, тој не успеал да се спаси.
– И покрај натчовечките напори на персоналот, пациентот на крајот не успеа да се извлече. За жал, тоа беше нешто што беше познато од самиот почеток. Ваквите инциденти не завршуваат добро. Се трудевме многу – велат од болницата.
Мажот бил каснат во пределот на бутот, но не го приметил пајакот. Кафеавиот пајак е малку прочуен. На предниот дел на телото има белег. Активен е ноќе, додека дење се крие под камења и лисја.
