Анкара за време на разговорите со американскиот државен потсекретар Џон Бас оваа недела ќе нагласи дека Сирија мора да биде исчистена од терористички групи за да се врати стабилноста и безбедноста, изјави во четвртокот извор од турското Министерство за надворешни работи.
Посетата на Бас доаѓа откако Турција ги повтори предупредувањата дека би можела да започне прекугранична воена офанзива во североисточна Сирија против курдската милиција ЈПГ, доколку групата не ги исполни барањата на Анкара. ЈПГ, која ги предводи Сириските демократски сили (СДФ) кои се сојузници на САД, одиграа клучна улога во поразот на Исламската држава во Сирија.
Сепак, Анкара ја смета ЈПГ за терористичка организација и продолжување на курдските бунтовници кои со децении водат вооружен конфликт против турската држава. Турција бара ЈПГ да се разоружа и расформира.
