Турција претстави нова интерконтинентална балистичка ракета, наречена „Јилдиримхан“, која за прв пат беше прикажана на саемот SAHA 2026 во Истанбул. Претставувањето се смета за значаен чекор кон зајакнување на воените капацитети на земјата со долг дострел.
Според објавените информации, ракетата е производ на Центарот за истражување и развој на Министерството за одбрана и може да достигне многу голема брзина, до 25 маха, што во превод е околу 8,5 километри во секунда. Исто така, има дострел до 6.000 километри.
„Јилдиримхан“ се напојува со течен азотен тетроксид и е опремен со четири мотори. Овие карактеристики го прават еден од најмодерните ракетни системи што Турција ги развила досега.
Ракетата беше претставена како дел од меѓународната изложба за одбрана и воздухопловство SAHA 2026, каде што турските компании и институции ги презентираат најновите достигнувања во воената технологија, вклучувајќи ја воздушната одбрана, беспилотните летала, авијацијата и вселенскиот сектор.
