Уставниот суд испратил барање до Собранието за образложување на донесениот закон за АВМУ поради проблемите кои настанаа последниов период, дознава ТВ21.
Според наши информации Собранието во понеделник ќе се произнесе по однос на барањето кое Уставниот суд го испратило и ќе побара времена мерка во однос на последните превирања меѓу телевизиите и кабелските оператори.
Оливер Спасовски вчера придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии.
Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време.
На средбата е констатирана свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.
Со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение, има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.
