Убиен шефот на разузнавањето на Иранската револуционерна гарда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамед Каземи, беше убиен денес во израелски напади, јавуваат светските медиуми.

Како што објави полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, неговиот заменик Хасан Мохакек и командантот Мохсен Бакери беа убиени во израелски напади.

Во интервју објавено претходно во неделата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рече на водителот на „Фокс њуз“, Брет Бајер:

„Можам да ви кажам дека ги елиминиравме нивниот главен разузнавач и неговиот заменик во Техеран.“

Според најновите информации, бројот на смртни случаи во Иран нагло се зголеми и сега изнесува 224. Тоа е речиси стотина повеќе од 128-те смртни случаи што се официјално потврдени досега.

Податоците ги објави иранското Министерство за здравство.